Press "Enter" to skip to content

Со филм и предавање во Библиотеката ќе се одбележи Меѓународен ден на мајчинот јазик

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола во соработка со  ОУ „Даме Груев“ – Битола ќе го одбележат Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, утре среда  21 февруари со почеток во 12 часот.

Настанот  ќе започне со прикажување на  документарниот  филм за Кирилицата и Словенската писменост во Македонија. Претходно ќе има кратко обраќање на директорката на НУУБ „Св. Климент  Охридски“, м-р Јелена Петровска. Свое излагање ќе има м-р Билјана Герас на тема „Мајчиниот јазик – наш идентитет и наша култура“, а модератор на настанот е Божидар Николовски.Јазикот е културно наследство во коешто се обединува духовната и материјалната култура на човештвото. Македонскиот јазик е најреферентното обележје на македонскиот народ. Да се занемари македонскиот јазик, значи да се занемари естетиката на македонската историја, меморија и современост.

Јазикот е неизбришлив дел од културната меморија на еден народ, независно од тоа дали тој е голем или мал. Од гледна точка на јазичните и естетските вредности, не постојат мали и големи јазици, мали и големи книжевности, мали и големи културни мемории! Таа поларизација се прави само од гледна точка на глобализирачките и империјалистичките интереси на моќните држави. Затоа секоја јазична и книжевна практика треба да се негува како привилегија на човечката цивилизација и како неотуѓиво право на народите во светот.

Колку и да е навидум мал македонскиот јазик, неговата улога во развојот на европската цивилизација е голема.

More from КултураMore posts in Култура »