Вработените во јавното комунално претријатие “Комуналец“ уште со почетокот на денешниот работниот ден, битолчани ги видоа на терен како ги вршат секојдневните работни задачи, собирање на сметот, но и на извршување на други обврски.
“Комуналците“ беа насекаде каде според дневниот план за работа ги извршуваат дневните работи.
-Собирањето на комуналниот отпад се извршува редовно, според дневниот распоред. Нашите вработени се секаде, на сите реони, каде е предвидено да се појават во понеделник, а сите работни задачи се одвиваа беа посебни проблеми. Покрај овие задачи дел од вработените во текот на целиот ден се вклучени во чистење на снегот од пешачките патеки и пристапните патеки до одредени установи, ни рече директорот на ЈП “Комуналец“, Панде Богоевски.






