Press "Enter" to skip to content

Отворена подружница на “Лајф Визион“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва свечено беше отворена подружницата на “Лајф Визион“ АД Скопје, која се наоѓа на вториот кат во зградата “Обител“ на улицата “Димитар Илиевски – Мурато“, во центарот на Битола.

Подружницата ќе врши животно осигурување и е генерален застапник за “Уника“ и “Илирика“ инвестициски фондови 

Од сверата на животното осигурување ќе ги нуди сите продукти од животното осигурување на “Уника“.

Пред вработените, застапниците и гостите зборуваа сопствениците Дамјан Дамјановски и Диме Саров, кои ја образложија идејата за отврорање на оваа нивна подружница во Битола, како и за плановите за развој на подружницата во Битола, како и на компанијата.

Текст и фото: С. Ристевски