Press "Enter" to skip to content

НВО “Сфера Македонија“ со конференција дел од проектот “NECME“ (фото)

“Сфера Македонија“ денес организира конференција како дел од проектот “NECME“ “New forms of European citizenship in migration era” (Нови форми на европско граѓанство во ерата на миграции). Проектот е финансиран од програмата Europe for Citizens на ЕУ и вклучува 17 невладини организации од 16 различни држави, координиран од Италијанската фондација “Giovanni e Francesca Falcone” која што е управувана од роднини и колеги на судијата Џиовани Фалконе, кој што беше убиен во 1992 година поради неговара борба против италијанската мафија.

Главната цел на проектот е да истражи како моменталниот миграционен феномен влијае на Европското цивилно општество од аспект на нови видови на цивилно ангажирање и активно граѓанство.На конференцијата беа презентирани резултатите од анкетите кои беа еден дел од овај проект. Конференцијата ја водеа следните предавачи: Милчо Дули – Претседател на СФЕРА Македонија, кој присуствување на Интернационалнта конвенција во Латвија, Австрија и Грција на тема Миграции, Alida Federico – Гостин предавач, Секретар на Фондација Фалконе од Италија, Катерина Поповска – Секретар на СФЕРА Македонија, која присуствуваше на Интернационалнта конвенција во Белгија и Александра Сервини – Претставник од Црен Крст Битола, кој ќе предава на тема Нови миграции во Македонија.

Онлајн анкетата беше креирана со цел да се добие подобро разбирање на моменталната состојба во Европа на овие теми. Анкетата, елаборирана од Палермо (Италија) и Видземе Универзитетот за применети науки ќе овозможи да се анализира перцепцијата за миграција и мигранти во Европските општества, фокусирајки се на тоа како мигрантите се жртви на организиран криминал или како се тие вклучени во него.-Константниот миграционен бран во последните години има влијание на Европското цивилно општество, и ние сите мораме да заземиме активна улога во борбата против ксенофобија, нетолеранција и дискриминација, рече Марија Факлоне, претседател на “Фалконе“ фондацијата.

Преку вклучување на различни стејкхолдери (професори, претставници на асоцијации и Европски агенции, администратори на јавни институции, новинари, полиција,…) и применување на различни методологии, учесниците ќе бидат стимулирани да превземат акција, како граѓани поединци или како организирано цивилно општество, за да ја олеснат инклуцијата на мигрантите во Европското општество и да создадат синергија помеѓу цивилното општество и јавните тела, исто така преку промовирање на улогата на волонтерството.