Денес во хотелот “Милениум“ се одржа средба на претставници на УСАИД од секторот за економски равој и жени од Битола, претприемачи, политичари, активисти…
-За да напредува еден бизнис многу е важно лесно да функционира во општеството. Република Македонија иако во изминатите години високо котираше на ранг-листата на „Дуинг бизнис“ на Светска банка, сепак во реалноста ситуацијата не беше таква. Бизнисот се соочуваше со огромни проблеми, посебно што законите се менуваа преку ноќ. Нашата цел беше зголемување на економскиот развој и тоа на поширока основа, што повеќе чинители да бидат вклучени во приватниот сектор, да креираат вредности и да придонесуваат за нови работни места. Ние се уште работиме на бизнис климата, но сега сме фокусирани на оспособувањето на коморите да бидат гласноговорници на бизнисот, рече Татјана Марковска, прокет менаџер во УСАИД, од секторот за економски равој.Мирјана Македонска директорката на Проектот за развој на деловниот еко-систем пред присутните ги претстави најзначајните подрачја кои се опфатени со него.
На средбата организирана од Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ , присуствуваа претставнички на повеќе политички партии во градот, потенцирајќи го значењето на економската независност на жената.-Еден од најважните чекори за една жена е да стане економски независна. Тоа е едно од најважните лични права, но и човекови права. Претприемништвото е модел кој зближува, жените да се споени во заедничкиот интерес за бизнис успех во општеството. Сметам дека ова треба да биде заедничка женска порака за партнерство, околу која сите жени треба да се обединат, рече Анита Ангелевска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и советник во битолскиот Совет.