Press "Enter" to skip to content

Соња Карапец ќе го води Студенсткиот, а Елена Спасеновска Ученичкиот дом

Двата капацитети за сместување на средношколци и студенти во Битола добија нови директори, односно директорки.

Државниот студентски дом “Кочо Рацин“ во Битола има нова директорка Соња Капапец, која доаѓа од Заводот за деца со оштетен говор и слух “Кочо Рацин“. Таа беше и член на Советот на општина Битола во актуелниот мандат од позицијата од СДСМ, а даде оставна на таа функција веднаш по конституирањето на Советот.

Нова директорка има и во ученичкиот  дом “Мирка Гинова “ во Битола, а тоа  Елена Патче Спасеновска, која доаѓа од основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, каде предаваше предметна настава, а во еден мандат беше и директор на ушилиштето.

Соња Капапец доаѓа на местото на досегашната директорка Снежана Пажик, која долги години раководеше со домот, а Елена Патче Спасеновска на местото на в.д. дитекторот Илија Неделковски, а од 2007 година до лани директор беше Јасмина Новакова Стојановска.

More from ВестиMore posts in Вести »