Ликовна изложба на ученичката Магдалена Петровска, насловена “Незаборав“ е отворена во училишната библиотека во Горната гимназија во Битола, по повод 11 Март, Денот на депортацијата на битолските Евреи во 1943 година.
Со мотиви и теми од Холокаустот извршен врз милиони Евреи во текот на Втората светска војна, ученичката од трета година Магдалена Петровска, на јавноста и се претставува со 11 свои цртежи и слики.
Непосредна инспирација за создавањето на овие дела е музиката на шведската група “Сабато“ која најчесто на својот репертоар има дела посветени против војната особено против расизмот и геноцидот, а најсилен поттик ми даде нивната песна “Последниот избор“– изјави за “Битола њуз“, Магдалена Петровска и додаде – токму силата на музиката ме инспирира, моите чувства да ги преточам во ликовни дела, кои многумина кои ја посетуваат изложбата не ги оставаат рамнодушни.
Желбата на Магдалена Петровска е да стане ликовен уметник и своето понатамошно школување да го продолжи на ликовна академија во земјава или странство, за што и следните нејзини ликовни чекори ќе се насочени во подготовки за таа цел. Поддршката што таа ја има од нејзините родители е мошне значајна, а е присутна од нејзината мала возраст.
Инаку, за да се реализира оваа ликовна изложба, значаен придонес дадоа наставникот по ликовна уметност Александар Поповски и библиотекарот Драган Ристевски, за што Магдалена Петровска јавно им изрази благодарност.
С.Р.






