Press "Enter" to skip to content

Со “Маршот на живите“ заврши комеморацијата за депортираните битолски Евреи (фотогалерија)

Со “Маршот на живите“ во кој маршираа повеќе од 2.000 битолчани и гости, од местото каде живееја Евреите, кај сегашниот здравствен дом, по Широк Сокак, низ паркот, па се до железничката станица, каде беа депортирани за Треблинка, завршија активностите по повод одбележувањето на 75 години од депортацијата на македонските Евреи.Комеморативното одбележување во Битола, започна со прием на повеќе делегации во кабинетот на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, а продолжи пред Здравствениот дом “Др.Хаим Абраванел”, со свечена програма и полагање на цвеќе на спомениците на депортираните Евреи и на споменикот на Естреја Овадија Мара.Свежо цвеќе на спомениците положија делагација на Парламентот на Македонија – предводена од претседателот Таљат Џафери, на Владата на РМ – предводена од министерот за култура Роберт Алаѓозовски, градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска, на Советот на Битола предводена од Методија Илиевски, на Владата на Израел на чело со министерот за одбрана, израелските вооружени сили, израелскиот амбасадор, делегации на еврејските друштва од повеќе држави, невладини организации, Црвен крст, потомок на семејството Абраванел – Шели Леви, партијата СДСМ и многу организации и поединци.По полагањето на свеќе прва на присутните делегации, министри и гости им се обрати градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска која рече:

-Битола е градот во којшто се вкрстувале многу судбини, многу приказни, во кој што имало многу насмевки, многу прегратки, но и многу солзи. Денес сме овде, не затоа што сакаме да кажеме дека не сакаме да заборавиме, денес сме овде затоа што сакаме да кажеме дека сакаме да се сеќаваме. Денес сме овде затоа што сеуште меѓу нас се Евреите од пред 75 години. Денес сме овде за да го изведеме маршот во знак на сеќавање на оној марш од пред 75 години, кој што беше навистина тажен, потсетувајќи дека приказната која во себе ја носи Битола треба да биде потсетување за сите лидери и политичари за насоката во која треба да се движи светот и дека сите Евреи се добродојдени во Битола, за заедно да ги зачуваме спомените и да порачаме, дека 11 март 1943 не смее да се повтори.Во своето обраќање, претседателот на Собранието на Република Македонија, порача дека Холокаустот никогаш нема да се заборави:

-Драги пријатели, денес во Македонија, живее мала Еврејска заедница која со своите активности на сите полиња дава многу препознатлив и значаен придонес во целокупниот општествен и економски и културен развој на државата. Република Македонија, со Законот за денационализација, на Еврејската заедница и го врати целокупниот имот кој го имала уште пред Втората светска војна, како и имотите на нашите сограѓани Евреи, кои беа ликвидирани во Треблинка, а немаат правни наследници. Токму ова, беше појдовна основа за изградба на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија. -Сакам да ја искористам оваа приликаи да им се заблагодарм на луѓето во Македонија што се приклучуваат на овие одбележувања и да маршираат за таа уникатна заедница што живеела тука во Битола и за она што го прават на Еврејските гробишта во Битола- рече рабинот Елиаху Михаел Бен- дахан, заменик- министер за одбрана на Израел, а пратеникот Александар Кирацовски рече.

-Ќе маршираме во чест на депортираните еврејски семејства од Македонија, од Битола жртви на Холокустот, со што, до светот ќе упатиме порака за мир, заедништво и соживот.

Државни делегации од Македонија и Израел, претставници на невладини организации, но и голем број потомци на битолски Евреи од Израел, Латинска Америка и САД, се приклучуваат во досега најмасовното одбележување во Македонија на депортацијата и уништувањето на Еврејската заедница.

Како течеше “Маршот на живите“ таму и му се приклучуваа голем број на гражани, кои беа организирани од училиштата во Битола, невладините организации, како и обични граѓани, за на крај сите заедно да пристигнат до битолската железничка станица од каде беа натоварени во вагони, пренесени во Скопје во привремен логор, а отттаму до злогласениот логор Треблинка.Според некои информации само 160 евреи од Македонија упеаја да преживеат и тие се раселени насекаде низ светот.

Денешната комеморативна програма продолжи во “Паркот на живите сеќавања на Еврејските гробишта“, со свечено отворање на “Ерусалимската патека“. На комеморативна церемонија се поставија камчиња за сеќавање на 793 семејства од Битола – жртви на холокаустот. Камчињата ја симболизираат човековата маленкост пред Господ.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »