Овој викенд се одиграа првите натпревари од младинските лиги во пролетниот дел од натпреварите. Младинската екипа на Пелистер во Битола ги пречекаа своите врсници од Вардар и одиграа нерешено, а на полувреме гостите водеа со 2:1, а во финишот на натпреварот израмнија.
Пелистер –Вардар 2:2 (1:2) – младинци
Играно на “Павел Шатев“ во Битола
Судија: Ирена Велевачкоска (Прилеп)
Стрелци: 0:1 Маркоски 15’, 1:1 Здравевски 20’, 1:2 Бериша 26’, 2:2 Здравевски 82’
Ж. Картони: Здравевски (П) – Адем, Бериша, Ѓорѓиески (В).
ПЕЛИСТЕР: Муневски, Цветановски, Илиевски, Најдовски, Зејноски, Талевски, Здравевски, Митревски, Зуберовски, Велевски, Котевски.
Уште играа: Дамчевски, Неделковски, Илијески, Торков.
ВАРДАР: Велковски, Џуклески, Антовски, Реџепи, Младеновски, Ѓорѓиевски, Адем, Благојевиќ, Маркоски, Бериша, Дишлиевски.
Уште играа: Јахја, Хасановиќ, Јусуф.
И кадетите на Пелистер со ист резултат го завршија натпреварот против кадетите на Вардар, за разлика од младинците тие на полувреме имаа предност од два гола, со головите на Божоновски и Мијаковски. Во второто полувреме гостинските фудбалери на Вардар стигна до реми.
Пелистер – Вардар 2:2 (2:0) – кадети
Градски стадион под Тумбе Кафе во Битола.
Судија: Бојан Ристески (Прилеп).
Стрелци: 1:0 Божиноски 39’, 2:0 Мијаковски 45’, 2:1 Ибиши 53’, 2:2 Илиевски 64’
Ж. Картони: Божиноски, Момировски, Ристески, Селмани (П) – Илиевски, Радевски (В).
Ц. Картон: Димов 44’ (В).
ПЕЛИСТЕР: Стојановски, Ризанковски, Ристески, Момировски, Божиноски, Селмани, Бошковски, Лазаровски, Велјановски, Мијаковски, Јовановски.
Уште играше: Милошовски.
ВАРДАР: Тимевски, Радевски, Николов, Пешевски, Ѓурковски, Ибиши, Митревски, Илиевски, Димоски, Велковски, Димов.
Уште играа: Тасев, Младеновски, Петејчук, Игнатов, Туша.
Пионерската екипа на Пелистер е поразена минимални 1:0 исто така од Вардар.
Помладите пионери на Пелистер беа поразени од Вардар со 5:0.






