На патеката Јаница во Грција се возеше првата рунда и со тоа започна БМУ Европскиот шампионат во мотокрос. Вкупно осум мото-кросисти од Македонија се појавија на првиот старт оваа сезона, а се натпреваруваа за повеќе клубови.
Од битолските возачи во класата MX (Ветерани) се натпреваруваше Борче Костов (МК Ноќни Волци), во МХ2 (и МХ2 Јуниор) настапи Христиан Станкович (МК Ендуро Тим – Водно Скопје), а во најсилната класа МХ1 настапија: Христиан Илиоски (МК Пелистер) и Михаил Бајовски (МК Хамачи Екстим).
Во најсилната класа МХ1 Христиан Илиоски се врати оваа сезона на патеките. Првата трка ја заврши на петтата позиција, а на вторите трки Илиоски блесна во вистинско светло и дојде до втората позиција, а по двете трки е на четвртото место во генерален пласман.
-По сезоната 2016 во која се откажав во врвна форма заради немање услови, оваа сезона ќе работам за да се вратам во форма, а се надевам на подобри услови. Јас со мојот тим Monster-shop Mxhouse Monster-shop и МК Пелистер создадовме услови за почеток, повторно нов предизвик и вложивме голем труд. Во Јаница на првата трка стартот ми беше лош направив грешка завршив петти, а во втората трка завршив втор, сега во генералниот пласман сум четврт во конкуренција на 18 возачи, рече Илиовски по трката.
Во класата МХ, Борче Костов ги продолжува настапите и оваа сезона, а по бодувањето за МХ Ветерани каде што е фокусот на Жолтио со солидни бодови во генералниот пласман заврши по двете трки на осмата позиција.
Христиан Станковиќ првата трка во Грција ја заврши на 14-та позиција, а во вторите трка заврши на 15-та позиција. Во класата МХ2 Јуниор на првата трка Станковиќ беше седми, а на втората трка Станковиќ заврши на 7-та позиција.
Михаил Бајовски на квалификациите возеше подобро време од лани, но поради проблем со мотоциклот (менувачот) не настапи на трките.
По пауза од еден месец на 21 и 22 април со втората рунда од шампионатот која се вози во Романија.
С.Р.






