Денеска во салата за свечености на Заводот и музеј во Битола, пред голем број на почитувачи на неговото дело, беше промовирана капитална мографија посветена на битолскиот ликовен уметник Борислав Траиковски, припадник на првата повоена генерација ликовни творци и член на познатата група ВДИСТ.
Автор на проектот и монографијата, која е издадена во рамките на манифестациите по повод 100 години од неговото раѓање е Никола Главинче, а текст во неа има и историчарот на уметност Љубен Пауновски. Издавач на овој национален проект е Македонското научно друштво од Битола заедно семејството на Траиковски, претставувано од неговиот внук Никола Главинче.
Авторот на текст, дел од монографијата, Љубен Пауновски на промоцијата рече:
-Борислав Траиковски припаѓа на една генерација на македонската култура и уметност, која во самите почетоци требаше да понесе еден голем товар за да го формира и да го докаже креативниот карактер на еден народ. Тоа се педесеттите и шеесеттите години и за среќа, добар дел од тие ликовни уметници го понесоа тој товар и создадоа идентитет и интегритет на македонската култура. Траиковски е на самиот врв.
Издавач на монографијата е Македонското научно друштво, а претседателот на МНД-Битола, Марјан Танушевски на промоцијата за ова значајно дело рече:
-МНД-Битола со посебна почит го негува делото на ликовниот уметник и доајен на македонското сликарство Борислав Траиковски и зароа се одлушивме да бидеме издавачи на ова посебно монографско издание. На една личност како што е Борислав Траиковски да и се оддолжите, нема подобра прилика освен да издадете монографија со неговото творештво и дела. Убедени сме дека е исполнета желбата на ликовните уметници, на градот и државата, а потоа и на МНД како издавач на овој проект.
Во име на семејството кое и со свои средства учествуваше во издавањето на монографијата, внукот Никола Главинче рече:
-Монографијата го вреднува целоупното творештво на Траиковски. Во рамките на ликовниот опус на Траиковски, по негово кажување е автор на над 4000 дела. Ова е заокружувањер на активностите по повод стоте години од раѓањето на Боорислав Траиковски и сметам дека содржински и квантитативно и квалитативно, ова издание би било еден добар пример што треба да го следат нашите институции и за останатите сликари и дејци, кои придонеле за препознатливост на оваа средина.
Во име на домаќин на изложбата авторот, рецензентите, семејството на Траиковски и гостите ги поздрави Мери Стојановска, вд директот на Заводот и Музеј.
Минатата година во рамките на активностите за одбележување на ликот и делото на Траиковски, во белградската галерија „Куќа Легата“ беше презентирана изложба со неговите дела, а потоа беше презентирана и пред вљубениците на ликовната уметност во Битола.
На објектот на неговото ателје во Бистрица беше поставена спомен плоча, а во битолскиот Завод и Музеј отворено спомен-ателје, каде ќе бидат изложени делата кои семејствот на Траиуковски им ги подари на Музејот.
Тиражот на монографијата е 500 примероци, еден дел е издаден со поддршка на министерството за култура, вториот дел од донатори и спонзори и третиот дел е директна донација од семејството на Траиковски.
Инаку, Борислав Траиковски се вбројува како еден од доајените на македонското современо сликарство, кој со својата индивидуалност припаѓа на современиот експресионистички израз
Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград по ослободувањето во 1951 година.
Своевремено истакнал- доколку би се преселил на друго место и не би можел да го гледам синилото на битолското небо, сигурен сум, би престанал да сликам.






