Оваа седмица продолжуваат трибините кои се одржуваат на Правниот факултет во Битола, на кои присуствуваат средношколците од Битола.
На Правниот факултет во Битола се одржа трибина на тема: “Република Македонија и евроатлантските интеграции“ на која гости беа средношколците од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола и СОУ „Таки Даскало“ – Битола.
На настанот, учениците беа запознати со настанувањето и организацијата на Европската Унија, важноста од интегрирањето на Република Македонија во Унијата.
Исто така, на настанот се разговараше и за Европската конвенција за човековите права, работата на Европскиот суд во Стразбур и беше презентиран случајот Ел Масри v. Република Македонија.
Свои излагања на настанот имаа деканот на Правниот факултет, вон. проф. д-р Горан Илиќ, потоа доц. д-р Мирјана Ристовска, вон. проф. д-р Елена Темелковска – Аневска, доц. д-р Елена Тиловска – Кечеџи и вон. проф. д-р Младен Караџоски.
Претходно на трибина беа средношколците од средното медицинско училиште, а минатата седмица гости на трибина на Правниот факултет беа средношколците од средното економско училиште.






