Press "Enter" to skip to content

Со пресврт во второто полувреме Пелистер на реваншот со гол предност

Пелистер – Академија Пандев 2:1 (0:1)

Реваншот во Струмица  ќе одлучи која екипа ќе биде финалист од полуфиналната двојка Пелистер и Академија Пандев, откако во Битола “пелистерци“ обезбедија минимална предност од 2:1, по водството на Акаемија Пандев во првото полувреме од 1:о.Иако гостите имаа предност во првиот дел по голот на Атанасовски сепак првите 45 минути беа во знак на Пелистер, кој покрај иницијативата имаше и две сериозни шанси за гол. Пелистер бешо изразито подобар ривал во првиот дел, но наместо битолчани, поведоа струмичани. Прво Марковски со глава ја погоди левата статива на гостите, па топката се одби на гол линија и среќно заврши во рацете на Истатов,а Марковски се најде на погрешна нога и не можеше повторно да ја удри топката. И втората шанса на Марковски во 23. минута пропадна, кога од само 5-6 метри биеше по средината на голот, па Истатов одби во десната статива, па во поле.

И по непишаното правило во фудбалот, ако не погодиш ќе те казнат, “пандевци“ поведоа со 1:0 во минута, кога Тодоровски му ја остави топката на Јани Атанасов, а овој од само 7-8 метри пласираше за 1:0 за Академина Пандев.И во второто полувреме иницијативата беше кај “пелистерци“ и во 60 минута успеаја да израмнат на 1:1 по корнерот од десната страна на Коњарски, Борче Маневски по земја го матираше Истатов. По ова Секуловски внесе напаѓач за победа, Недановски. Во последните минути кога сите очекуваа реми, по еден воздушен дуел, топката стигна до резервистот Ристе Илијовски кој биеше, а топката се одби од стативата и заврши во мрежата на гостите.

Реваншот ќе се во Струмица, а според резултатот и покажата игра ќе биде неизвесно која екипа ќе биде финалист.