Уште на стартот на подготовките на Пелистер, на првата прозивка на фудбалерите, тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски им рече дека иако имаат малку време за подготовки кога ќе започне пролетниот дел Пелистер нема да биде во добраа форма, но како ќе одминува времето екипата ќе биде од коло во коло подобра.
Тоа полека и се остварува, а “пелистерци“ играат од коло во коло подобро, а вчера во Купот, против екипата на Академија Пандев, одиграа најдобро, а и покрај водството на противникот на реваншот патуваат со гол предност.
Околу 1.000 љубители на фудбалот на стадионот под Тумбекафе ја видоа победата на Пелистер и им честитаа, а тренерот на “пелистерци“, Марјан Секуловски и самиот рече дека ова е најдобрата игра на Пелистер, а конкретно рече:
-Одигравме одличен натпревар, најдобар оваа полусезона и сакам на сите мои фудбалери да им честитам за прикажаното. Имаме минимална предност пред реваншот, но сега мора да се насочиме на шампионатот и дуелот со Академија Пандев в сабота. Ваков Пелистер може да се надигрува со секој противник, а очекувам дека од коло во коло, како одминува времето ќе бидеме во подобра форма и ќе имаме се подобри игри.
И фудбалерите се задоволни од тоа како одиграа и од минималната предност од оваа средба, но жалат за тоа што не постигнаа гол и што примија гол кога имаа иницијатива, бидејќи и резултатот ќе беше далеку подобар за нив.
Инаку, покрај Секуловски во стручниот штаб на Пелистер се уште и неговите помошници тренери Пеце Миленковски, Неџат Хусеин и Сашо Петровски како тренер на голманите.






