Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје во партнерство со Ромски Едукативен Центар АМБРЕЛА – Скопје, Хуманитарно и Добротворно здружение на Ромите МЕСЕЧИНА – Гостивар и Асоцијација за заштита на права на Ромите – Штип од 01.03.2017 до 28.02.2019.година, работат на имплементација на проектот ”Надвор од кругот – невидливи во општеството”, поддржан од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569 / DD / ACT / MK
Во рамките на проектот во Битола на ден 14.03.2018 година се одржа состанок за формирање на локална акциска група која има цел да даде придонес кон: Иницирање политика и промени во законодавството за отстранување на процедурални и административни пречки за издавање на лични документи за ромското население врз основа на воспоставени механизми за консултации меѓу граѓанските организации и јавните институции; Воспоставување механизам за консултации меѓу граѓанските организации и јавните институции кои се засегнати страни за решавање на проблемот со лицата без извод од матична книга на родени; Регулација на правниот статус на нерегистрирани лица кои немаат извод од матична книга на родени и овозможување на ефективно уживање на нивните права и слободи. Олеснети процедурални и административни пречки за издавање на изводи за лицата кои немаат извод од матична книга на родени;
-Потребно е да се подигне јавната свест за проблемот со лицата кои немаат извод од матична книга на родени. Да се овозможат оптимални услови од страна на институциите за таквите лица сами да се пријават. Посебно се охрабрува владата за законски измени и отстранување на административните пречки. Го повикува граѓанскиот сектор да активно се вклучи и им се помогне на лицата кои законски се невидливи да го надминат овој проблем. Се повикуваат сите актери во општеството ако познаваат некои од овие лица да ги охрабрат и им помогнат да се упатат до најблиската канцеларија за матична евиденција за да се идентификуваат а со тоа и отпочне процедурата за решавање на проблемот со немање на изводот од матична книга на родени“.Според Точи Мухамед – асистент на проектот ”Надвор од кругот – невидливи во општеството“.
Партнерските организации, за имплементација на овој проект во Битола ќе бидат невладините организации “Сумнал“ и “Баирска Светлина.
-Во наредниот период, ќе се идентификуват лицата на терен кои немаат документи. Станува збор за лица кои немаат пристап до ниту едно право, што ги прави исклучени од општеството и резултира со живот во сиромаштија. За нас тоа е приоритетно прашање бидејќи ако социјалните ризици се генерираат кај многу деца во Македонија тие стануваат граѓани кои ќе живеат во длабока сиромаштија во идниот период, вели Фатма Бајрам Аземовска од “Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница.
На состанокот беа присутни партнерските организации, невладините организации “Сумнал“ и “Баирска Светлина, претставници од подрачната едниница на Министерството за труд и социјална политика, ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, Управа за водење на матичните книги – подрачно одделение Битола.






