Еурофарм Работник – Вардар Јуниор 29:22 (17:10)
Како и се очекуваше, со лесна победа на Еурофарм Работник, “фармацевтите“ ја завршија машката Супер ракометна лига пред старот на плеј-офот на најдобрите шест екипи од државата.
Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа онолку колку им требаше за четврта победа од четири натпревари од пролетниот дел на Супер лигата, а беа супериорни така што “вардарци“ немаа никаква шанса ниту за чесен пораз.
Во првото полувреме домаќините направија доволна разлика, која на полувреме беше изразена со седум голови предност (17:10). Во второто полувреме сите ракометари добија шанса од клупата но гостите ни против “вториот тим“ не ја намалија разликата, а како и на полувреме така на крајот имаше седум гола разлика, 29:22.
Најефикасни во составот на Еурофарм Работник беа Дрогришки со седум, а Мсквилидзе и Ојлески дадоа по шест.
Екипата на Еурофарм Работник сега е на првото место на табелата, пред екипата на Пелистер, која ако победи во Охрид ќе се врати на првото место по 24 часа.






