Press "Enter" to skip to content

Гоце Анакиевски го реши Куманово во последната секунда, за петта по ред победа (фото)

Пелистер – Куманово 83:82 (40:46)

Спортска сала “Младост“ во Битола

Гледачи: 1.000

Судии: Терзиевски, Антовски и Златевски.

Пелистер: Илиевски 3, Голубовиќ 12, Луис 34, Светиновиќ 3, Талтон, Анкиевски 15, Давков 8, Атанасовски, Талевски, Фундербунд 6, Обедниковски, Трсулов 2.

Куманово: Јаневски 15, Стајиќ 2, Караколев 27, Мекиќ 13, Ѓекиќ 19, Стерјов, Ивановски, Ѓоргиевски, Јосимовски, Ковач 6, Стојановски, Огненовиќ.Капитенот на екипата на Пелистер, Гоце Анакиевски му донесе вредна победа на својата екипа во натпревар со фаворитот екипата на Куманово, откако со удар заедно со сирената за крај на натпреварот постигна тројка, по тајм-аутот кој го имаше домашниот тренер Петковски.

Со оваа победа екипата на Пелистер го донесе изненадувањето на 19. коло од Супер лигата, а оваа е петта по ред победа на битолскиот лигаш.

Екипата на Пелистер одлично го започна натпреварот и уште во првата четвртина направо разлика од седум коша (29:19), но гостите во втората четвртина направија пресврт и со 27:14, на одмор заминаа со водство од 46:40.По одморот третата четвртина омина во израмнета борба, а во последните минути од натпреварот играта толку беше израмнета и се играше кош за кош. 

Во последните осум секунди по слободните на Анакиевски, Пелистер поведе на 80:79, а Јанески потоа  донесе предност за својот тим од 81-82. По ова водство следуваше тајм-аут на Пелистер, за домашниот тренер Зоран Петковски , по кој Анакиевски погоди тројка за конечна победа од 83-82 и за радост на се побројната публика на трибините на салата „Младост“.Кај Пелистер најдобар играч и стрелец Роберт Луис со постигнати 34 коша. 

Во следното коло за четири дена, Пелистер ќе гостува во Кавадарци кај Фани Индустри.