Press "Enter" to skip to content

Камерниот оркестар утре со целовечерен концерт насловен “Џон Вилијамс симфонија“

Утре во Големата сала на Центарот за култура во Битола целовечерен концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Битола насловен „Џон Вилијамс симфонија“, што е прв нивни прокет за оваа година поддржан од Министерството за култура и е во рамките на годишната програма за работа на Центарот за култура.

Покрај камерниот оркестар ќе настапат Климент Тодороски, соло-виолина и музичари од Македонската филхармонија и Македонската опера и балет, а во програмата се музички теми од филмовите „Војна на ѕвездите“, „Супермен“, „Индијана Џонс“ и други.Истиот концерт Камерниот оркестар на Битола ќе го промовира на 20 март во МОБ во Скопје.

Камерниот оркестар на Битола свое последно претставување пред битолската публика имаше со новогодишниот концерт  „Лејдис симфонија“ каде настапија и четири дами од Битола, претходно лани ги имаше и концертите „Рок-симфонија“ со Влатко Стефановски, „Џејмс Бонд симфонија“, концерт со виолинистот Роби Лакатош и други.

Камерниот оркестар на Битола  работи под покровителство на Центарот за култура.

More from КултураMore posts in Култура »