Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Пелистер победија во Охрид за прво место во Супер лигата

Ракометарите на Пелистер со победата над Охрид, на гостувањето во Охрид, крајот на регуларниот дел на Супер лигата го завршуваат на првото место на табелата со 42 бода, со два бода пред екипата на Еурофарм Работник.

Како и се очекуваше дека овој натпревар ќе биде тежок за двете екипи кои ја посакуваа победата за подобра пласман пред плеј-офот, така и се одвиваше неизвесен до последните секунди. 

 

Двата тренери се определија за поголемо внимание на одбраната и затоа и имаше и малку голови, а Пелистер првиот гол го постигна во 5. минута. По израмувањето од 4:4, до одморот, односно во првото полувреме некоја екипа не се одлепи со поголема разлика, туку се постигнуваа голови неизменично во двете екипи.

Второто полувреме започна во ист стил, а екипата на Борче Марковски првото водство од два гола разлика го имаше на резултат 17:15, а потоа следуваше повторно израмнување 17:17 во 49 мунута.

Ново израмнување 18:18 имаше 53. минута, па водство на Пелистер 19:18 по пенал, а на 20:18 Пелистер стигна со голот на Митревски. Охрид намали на 20:19, а имаше и шанса за нерешено, но голманот на Пелистер. Јовановски не го дозволи тоа.

Пелистер и лидерска позиција пред стартот на плеј-офот и го очекува жребањето кое е закажано за вторник во 10,30 часот во просториите на РФМ.