Press "Enter" to skip to content

Ракометарите на Пелистер по победа за прво место, фудбалерите на Пелистер по победа за опстанок

Денес два прволигаши, ракометната и фудбалската екипа на Пелистер ќе гостуваат на два тешки натпревари. Ракометарите на Пелистер ќе гостуваат во Охрид, во салата “Билјанини извори во 19 часот, каде ќе атакуваат на победа, која ќе ги врати на првото место на табелата и ќе им овозможи на жребката за плеј-офот да имаат подобра позиција. 

Капитенот на Пелистер, Васко Димитровски,  за вечерашниот натпревар вели:

-По поразот од екипата на Еурофарм Работник им останавме должни на навивачите кои не добреа не само во салата “Младост“, и затоа со победа и пласман на првото место на табелата ќе им се оддолжиме. Што се однесува пак до екипата на Охрид знаеме дека против Пелистер ќе бидат мотивирани, но се надевам дека со победа ќе се вратиме во Битола.

Но, нема да им биде лесно бидејќи екипата на Охрид како домаќин исто посакува победа, за како велат од таму, поголема самодоверба пред статот на плеј-офот.

Од друга страна повредите на клучните ракометари се уште му задаваат проблеми на тренеот на Пелистер, Борче Марковски.

Екипата на Пелистер сега со натпревар помалку е на второто место на табелата со 39 бода, а први се ракометарите на Еурофарм Работник со 4о бода.За разлика од ракометарите кои се борат за прво место, фудбалерите на Пелистер ќе се обидат на стадионот “Кукуш“ против екипата на Академија Пандев да дојдат до значајни бодови кои ќе им ги зголемат шансите за опстанок во лигата, посебно по добрата игра во средата против истата екипи во Купот.

-Во средата покажавме дека можеме да ја надиграме екипата на Академија Пандев, па зоштода не биде и денес така, вели Петар Љамчевски и додава:

-Знаеме дека ќе имаме силен противник денес кој исто така ќе посакува победа да го обезбеди опстанокот. Денешната епипа на Академија Пандев нема да биде иста како во средата во Битола, а и натпреварот го нема истото значење. Едно е да се игра во Куп каде има реванш, а друго е да се игра во првенство кога секој бод е важен и нема втора шанса. Но, ќе дадеме се од себе да стигнеме до важни бодови.

Пелистер се наоѓа на 9. место на табелата со 21 бод, а екипата на Академија Пандев на 6. со 28 бода. Со победа екипата на Пелистер се израмнува со бодовите се доближува до екипите на Победа и Ренова.