Press "Enter" to skip to content

Убедлива победа на ЖРК Пелистер со +25 гола

ЖРК Пелистер – ЖРК Овче Поле 52:27 (27:15 )

Ракометарките на Пелистер одиграа првенствен натпревар во кој ја совладаа екипата на Овче Поле со голема разлика изразена со 25 гола разлика, дека со победа ќе заврши натпреварот се виде по првите минути, но големата разлика која на полувреме беше 12 разлика (27:15),  на крајот разликата беше 25 гола.По натпреварот тренерот на Пелистер, Борче Корлевски не го криеше задоволството од прикажаното и од резултатот со кој победија ракометарките, но додаде дека иско постигнаа многу голови, сепак и примиле голем број на голови.

 

Најефикасни во тимот на ЖРК Пелистер беа Драгана Милосављевиќ со 10 постигнати голови,  Сања Дабевска со 8 и Моника Талевска 7 голови.