Во организација на Сојузот на училишен спорт од Битола во завршна фаза се натпреварите во екипните спортови за усновните училишта, а најголем дел од натпреварите веќе ги добија победниците.
Според Михајло Трампевски, претседател на Сојузот на училишен спорт, во оваа учебна година имало голем број на вклучени ученици во разни спортови.
-Оваа година, како и секоја година, се поголем број на ученици се вклучуваат во спортските натпревари и имаше голема масовност, што е и целта на овие натпревари, да ги тргнеме децата од секојдневните случувања и да им всадиме сспортски дух, а секако и спортските клубови и школи на најдат нови таленти кои ќе ги вклучат во тренажните спортови. Што се однесува пак до постигнатите резултати, не само јас, туку и колегите го делиме мислењето дека на спортските терени се појавија голем број на таленти кои ќе се најдат место во некои битолски екипи, вели Михајло Трампевски и додава:
-Победниците од овие натпревари го продолжуваат натпреварувањето во регионалните и државни натпреварувања од каде учекуваме и први места.
Во футсал за машки првак е ОУ “Тодор Ангелевски“, второпласино е ОУ “Ѓорѓи Сугарев“, а на трето место е ОУ “Гоце Делчев“. Во женска конкуренција исто така победнике ОУ “Тодор Ангелевски“, а следуваат ОУ “Климент Охридски“ и ОУ “Стив Наумов“.
Во екипен пласман во пинг-понг машки, првак е ОУ “Даме Груев“, второ пласирана е екипата на ОУ “Трифун Пановски“, а третопласитана е екипата на ОУ “Климен Охридски. Додека во женска конкуренција први се ученичките од ОУ “Тодор Ангелевски“, втори од ОУ “Даме Груев, а трети “Климент Охридски“.
Исто така завршија и натпреварите во одбојка во машка конкуренција каде првото место го освои екипата на ОУ “Стив Наумов“, второпласирана е екипата наОУ “Елпида Караманди“, а на трето место ОУ “Климент Охридски“. Во женска конкуренција најдобри е екипата на ОУ “Кирил и Методиј“, а следуваат екипите на ОУ “Елпида Караманди“ и ОУ “Стив Наумов“.
Во кошарка машката и женска екипа на ОУ “Климент Охридски“ се најдобри, во машка конкуренција следуваат ОУ “Трифун Пановски“ и ОУ “Даме Груев“, а во женска ОУ “Стив Наумов“ и ОУ “Даме Груев“.
Во ракомет победник е машката екипа на ОУ “Даме Груев“, второпласирана е екипата на ОУ “Трифун Пановски“, а на трето место е екипата на ОУ “Климент Охридски“. Екипно ракомет во женска конкуренција победник е ОУ “Климент Охридски“, втори се ОУ “Тодор Ангелевски“, а трети ОУ “Стив Наумов“.
-За завршување на екипните натпревари и сумирање на резултатите за да знаме кое училиште има најдобри резултати останува да се одиграат натореварите во ракомет за мажи и големиот фудбал во двете конкуренции на “Ќумурното игралиште“, вели Михајло Трампевски.
Преходно Сојузот за училишен спорт заедно до “Елем турс“ и скијачкиот клуб “Пелистер“ на ски патеката “Копанки“ го организира државното првенство во велеслалом, каде неофицијално битолската екипа составена од ученици од сите основни и средни училишта беше најдобра.
С.Р.






