Press "Enter" to skip to content

Наташа Гулабовска-Георгиевска, “Вешта жена“ за 2018 година во Битола

На последното натпреварување “Вешта жена“ кое го организираше Организацијата на жени од Битола, кое се одржа во хотел “Премиер“ во Битола, за најдобра “Вешта жена“ во Битола е прогласена Наташа Гулабовка – Георгиевска.

Победничката Гулебовска – Георгиевска победи на ова натпреварување победи со уредена маса насловена “Барок“.

Сите натпреварувачки кои беа на ова традиционално женско натпреварување беа од Битола, а од организаторот и спонзорите сите добија прикладни подароци.

Наредно дружење на битолските жени ќе биде на “Битолски Слатки Филиграни“ кое традиционално се одржува по 17 пат во очи на христијанскиот празник Благовец, а настанот е од хуманитарен карактер и собраните средства од продажбата на тортите ќе бидат донирани.

More from ВестиMore posts in Вести »