По повод одбележувањето на Светскиот ден на водата учениците од 7 одделение при ОУ„Ѓорѓи Сугарев“ – Битола беа во посета на во филтерницата „Дихово“, како дел од водоснабдителниот систем на јавното комунално претпријатие „Водовод“.
Посетата на учениците е во рамките на едукацијата на граѓаните за значењето на водата како природно богатство и нејзината непроценлива вредност за сите живи организми на планетата Земја.
Од страна на вработените на оваа прочистителна станица беше детално презентирана работата, односно целиот процес на третирање на водата (пред хлорирање, флокулација и коагулација, филтрација и дезинфекција со хлор) и транспорт до стерилни резервоари за вода со вкупен капацитет од 11.200 m3.
Од страна на еко-патролата и еко-координаторот Даниела Ристова беа изработени еко пораки и интересни информации за значењето на водата.
Децата уште од најмала возраст треба да се запознаат за значењето на водата и како истата треба да се штеди и да се заштити од загадување.






