Соопштение
Од утре, среда, 28 март 2018 година, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола и Програмата за рехабилитација на регионални патишта на ЈП за државни патишта на Република Македонија за 2018 година, ЈП “Македонија пат“ започнува со реализација на проектот “Надградба и поправка на коловоз на патен правец Р1101 – клучка Крклино влез во Битола“, како и изградба на атмосферска канализација од страна на КЈП “Нискоградба“ – Битола.
За време на градежните активности, сообраќајот ќе се одвива согласно утврдениот режим на сообраќај од страна на изведувачот, ги информираат граѓаните преку медиумите, од Одделението за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во Општина Битола.






