Денес во хотелот “Епинал“ се одржа информативна сесија за објавениот втор повик за доделување на подгрантови преку Проектот за локална и регионална конкурентност на туризмот.
На оваа сесија беа презентирани целите на овој проект: адресирање на недостатоци важни за развој на туризмот, идентификувани за секоја дестинација во Плановите за развој на туризмот кои се достапни на веб страната на ПЛРК (www.lrcp.mk): капацитети за сместување и гостопримливост; активности и искуства; туристички атракции; градење на капацитети; маркетинг, брендирање и пристап до информации; и пристапност и инфраструктура.
Овој Повик е отворен за различен тип на ентитети, вклувајќи: општини, регионални плански центри, јавни установи, непрофитни организации (пр. бизнис асоцијации, стопански комори, граѓански организации, едукативни центри и центри за обука) и профитни организации (едукативни центри и центри за обука), и микро и мали претпријатија регистрирани во земјата.
Исто така присутните беа информриани и за лимитите за подгрантови кои изнесуваат за еден барател: од минимум 100.000 евра до 1 милион евра и за партнерство помеѓу два или повеќе баратели: до 3 милиони евра, како и под-грантовите за организациите од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука, за локални микро и малипретпријатија.
Рок за првата фаза за и зразување интерес: најдоцна до 30 април 2018 година (понеделник) и рокови за втората фаза за почетен датум за квалификуваните барателида започнат со подготовка на целосни предлози е 28 мај 2018 година (понеделник) поднесување на целосни предлози за инфраструктурни инвестиции -6 август 2018 година, поднесување на целосни предлози за организации од туристичкиот сектор, образовните установи и центрите за обука -16 јули 2018 година (понеделник), поднесување на целосни предлози за локални микро и мали претпријатија -23 јули 2018 година (понеделник).






