Педесет и четиригодишен маж И.Д. утрово бил пронајден обесен во притворското одделение во затворот Битола, а околу 6 часот вработен во затворот го пронашол обесен.
МВР соопшти дека смртта била констатирана од страна на лекар од Брза помош. Телото на починатиот е дадено на обдукција, а увидот е во тек.
Како се дознава 54 годишниот битолчанец е И.Д. кој на 13 март минатата година со сукало, дома во заедничкиот стан си ја уби сопругата Е.Д., рано утрово се обеси во затворот во Битола.
По убиството лани на тогаш 53 годишен И.Д. му беше одредена мерка притвор од страна на Основен суд-Битола во траење од 30 дена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство, а потоа беше осуден на 4о години затворска казна.






