Press "Enter" to skip to content

Фотовест: Делегација на Општина Битола во посета на збратимената општина Стари Град-Белград

Делегација од Општина Битола предводена од претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, Методија Илиевски, советник и координатор на советничката група во Советот на општина Битола и Наташа Лукиќ, од општинската администрација-раководител за финансии, викендов беа во посета на збратимената Општина Стари Град – Белград.Повод за посета на оваа збратимена београдска општина беше славењето на нивната градската слава, Цветници. Делегацијата имаше и средба со претседателот на општина Стари Град, Марко Батаќ и му беше искажана благодарност за убавиот пречек и подадената рака за понатамошна успешна соработка со оваа збратимена општина.

Делегацијата од Битола присуствуваше на полагање венец и молитвена литургија во црквата “Св.Сава“, каде исто така присуствуваа и делегации од Сараево, Котор, Загреб, Кипар и Солун.

More from ВестиMore posts in Вести »