Press "Enter" to skip to content

По повод денот на ромите претставена програмата “Ромактед“ (фото)

По повод 8 Април меѓународниот ден на Ромите во Салата за седници на Советот на општина Битола беше промовирана “Ромактед“ програмата на Советот на Европа во која партнер е општина Битола, а се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија.На промоцијата обраќање имаше Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски кој зборуваше за важноста на програмата, заедничкото делување и партнерството на локалната самоуправа и припадниците на ромската заедница во унапредување на социјалниот и економски статус на Ромите и нивно вклучување во општествените текови и развој на градот Битола.Програмата ја претстави Ферди Исмаили, од Ромска демократска развојна асоцијација “Сонце“ – Тетово, национална организација за логистика на спроведување на програмата “Ромактед“.На промоцијата на “Ромактед“ програмата во Советот на општина Битола присутни беа и претставници на Советот на општина Битола и припадници на ромската заедница.  

More from ВестиMore posts in Вести »