Утре со почеток во 16 чaсот на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола во рамките на 14 коло од ПФЛМ – жени, екипата на Топ гол ја пречекува екипата на Тиверија.
Ова е втор еден по друг натпревар помеѓу овие две екипи кои претходно се сретнаа во 1/4 финалето во Куп натпреварот.
Ова е втор еден по друг натпревар помеѓу овие две екипи кои претходно се сретнаа во 1/4 финалето во Куп натпреварот. Поради Велигденските празници ова кола е закажано да се игра во петок.
-Ова е втор дуел оваа сезона помеѓу нас, гостите се силна екипа но ние ќе пробаме да наметниме наша игра. Сите девојки се спремни и имам мала дилема за почетниот состав. Ние сме млада екипа и резултатски тоа некогаш е против нас но талентот, желбата и мотивот за работа ветуваат голем успех во иднина, изјави Кире Грбевски, шефот на стручниот штаб на Топ гол.