Press "Enter" to skip to content

Започна реконструкцијата на влезот во Битола од страната на Прилеп (фото)

На иницијатива на Општина Битола, а во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, „Македонија пат“ и ЈКП „Нискоградба“ од Битола, после завршените подготвителни активности, денес официјално започнаа градежните работи за реализација на проектот „Надградба и поправка на коловоз на патен правец Р1101 – клучка Крклино – влез во Битола“, како и изградба на атмосферска канализација. Уредувањето во овој дел, ја претставува првата фаза во која се реализира половината од проектот за булеварско решение, со кој што Битола ќе добие булеварски влез во градот.

-На мое задоволство денес започнуваме со изведбените активности на ул. „8 септември“ – влезот во Битола од страната на Прилеп, којшто подолго време беше горлив проблем за Општина Битола. Години наназад овој зафат се наоѓаше во програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Битола, но за жал, ситуацијата беше таква – каква што ја гледавме до денешниот ден. Задоволна сум, што лобирањето до јавното претпријатие за државни патишта, во месец ноември беше успешно, така што заедно со претпријатието и во синхронизација со ЈКП „Нискоградба“, ќе го уредиме влезот во Битола. Синхронизираното делување е неопходно затоа што, ако се санира само асфалтот не е решение, затоа што во тој случај заради незаштитениот дел од водите кои што надоаѓаат би напукнал и не би имале успешна приказна. Затоа, одлучивме да работиме синхронизирано, така што Општина Битола со над 8 милиони денари влегува во инвестиција, во уредување во делот на канализационата мрежа во должина од над 400 метри, кој што е дел од булеварското решение од овој влез во нашата општина. Се радувам, што конечно, битолчани и сите посетители при влезот во Битола, нема да се соочуваат со дупките кои катадневно ги имавме во нашиот град“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска на денешната прес конференција кога изврши и увид на почетокот на градежните активности на овој дел од градот.Втората половина од проектот за булеварски влез ќе се реализира по завршувањето на постапката за експропријација, која моментално комплетно е насочена кон експропријација на градежното земјиште за изградба на пречистителната станица.

Денес, повторно поставени се семафори за ставање во функција на обиколницата над Битола, што истовремено е проект од голема важност, но и моментална неопходност, со цел да не се почувствува оптоварување во сообраќајот во периодот додека траат градежните активности на влезот во Битола од страната на Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »