Press "Enter" to skip to content

Скопјанец извршил разбојништво, потоа во престрелка со полицијата бил ранет

Од СВР-Битола потврдуваат дека станува збор за лицето Д.Ј. (32 г.) од Скопје, кој времено престојувал во Битола, во куќа на улица „16-та“, каде и се сокрил по извршеното разбојништво и кражба на производи, пари и мобилни телефони од продавница во Битола.

При обид да се изврши претрес во ноќните часови, осомничениот не сакајќи да излезе од помошната просторија што се наоѓала во дворот на куќата, почнал да пука во полициските службеници при што било употребено огнено оружје и од страна на полицијата. Околу 1:50 часот осомничениот пукајќи се обидел да избега од помошната просторија во дворот, на што било возвратено од страна на полициските службеници и истиот бил совладан.

Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола на лекување со возило на Итна медицинска помош што било присутно цело време додека траела акцијата за приведување на разбојникот, потврдуваат од СВР-Битола.

Осомниченито се наоѓа во стабилна здравствена состојба и над него ќе биде извршен оперативен зафат.

Инаку, вчера вечер, во колонијална продавница во Битола е извршено разбојништво, а по добиените сознанија, инспекторите од СВР Битола го известиле дежурниот јавен обвинител дека можниот сторител е скопјанец кој престојува кај својата девојка. Заради пронаоѓање предмети што потекнуваат од кривичното дело или се важни за кривичната постапка издадена е Наредба за претрес на домот и други простории на адресата на девојката. 

Надлежниот јавен обвинител изврши увид на местото на настанот и издаде наредби за обезбедување на материјални траги. Во тек е прибирање на останатите докази.

More from ВестиMore posts in Вести »