Press "Enter" to skip to content

Триста матуранти во две смени, гости на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола (фото)

Вчера во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола вриеше како во пчелна кошница, а причина беа матурантите од градовите Кавадарци, Неготино, Струга, Прилеп, како и битолските матуранти од повеќе средни училишта.Сегашните матурантите, а идни акаденмски граѓани на нашата држава, има прилика при гостувањето Славјански да присуствуваат на четири практични работилници: економија и менаџмент, безбедност при работа и пожар, вовед во психологија и право и правни науки.Учениците кои ја избраа работилницата подготвена од Факултетот за правни науки денес беа во улога на детективи и истражуваа кражба во канцеларија. Нивна задача беше да пронајдат докази со кои ќе и помогнат на полицијата да ја откријат личноста што стои позади кражбата. И двете групи „детективи“ успешно ја завршија задачата.Работилницата од областа на безбедноста при работа и пожари ги запозна студентите со законската регулатива за заштита при работа и пожар. Беше презентирана опремата кој ја поседува нашиот Универзитет за мерење на светлина, температура, бучава, вибрации и заземјување која и самите матуранти можеа практично да ја употребат. Исто така, беше вклучен и практичен дел по предметот хемија, кој се изучува во прва година на овој факултет.Работилницата по економија и менаџмент им овозможи на учениците да се запознаат со вештините на продавање.

Учесниците на работилницата од областа на психологијата, како и секогаш, беа најбројни. Преку низа практични вежби тие можеа да се запознаат со техниките кои ги користат психолозите.