Ликовна изложба „Мојот рај – Библикотека“ по повод Април, месецот на книгата е отворена во Училишната библиотека во битолската „Горна гимназија“.
-Ова е традиционална, петта по ред изложба која како лајт мотив ја има мислата на писателот Хорхе Лусис Борхес кој вели: „Отсекогаш замислував дека Рајот претставува некаква Библиотека“. Во соработка со наставникот по Ликовна уметност, проф. Александар Поповски им ја зададовме оваа тема на учениците од прва до трета година, а по направената селекција ги избравме најдобрите творби – изјави организаторот на оваа активност, стручниот соработник- библиотекар, Драган Ристевски.
Со организирањето на вакви и слични изложби со тематика на библиотекарството, книгата и литературата, се има за цел поголема популаризација на читањето дела од светските класици и дела од домашните автори, во што во значајна мерка се успева во битолската Горна гимназија „Јосип Броз-Тито“, која редовно е на врвот на листата на најуспешни средношколски установи во Република Македонија.
С.Р.






