Press "Enter" to skip to content

Сашо Стојковски, сопственик на новата ТА “С Травел“: со искуство и квалитет до повисоки стандарди во туризмот

Од неодамна во нашиот град е отворена најмладата туристичка агенција “С Травел“, а нејзин сопственик е Сашо Стојковски, кој ни откри повеќе околу тоа како започна со функционирањето на истата.

-Агенцијата е отворена на празникот 18 декември 2018 година, точно на празникот Свети Никола кој како заштитник на морепловците кои постојано патуваат ги штити низ патешествија и авантури, а сигурен сум дека и нас и нашите патници овој светец ќе не штити. Тој ден  свечено се отвори агенцијата, но со функционирање и организирање на патувања,  започна на 17 февруари 2018 година и истата работи со „А“ лиценца, а моментно има 4 вработени.

Вашата агенција е најмлада и неодамана отворена, но Вашето искуство во туризмот е големо  бидејќи работевте во туристичката агенција “Турист“.-Во оваа дејност односно  туризмот, работам 24 години и искуството го стекнав работејќи во “Турист“.  Секако дека тоа  искуство во областа на туризмот ќе придонесе организацијата и  услугите  во “С Травел“ да бидат на највисоко професионално ниво, без разлика на бројот на клиентите и услугите кои тие ќе ги бараат од нас. Јас најповеќе се пронаоѓам во оваа област и со моето искуство сакам да придонесам за квалитетни услуги во „С Травел“. Тука е и мојот тим на соработници кои се подготвени за нашите клиенти и нови предизвици.

Што туристичката агенција “С Травел“ ќе им понуди на битолчани и на граѓаните од регионот?-Агенцијата “С Травел“ ќе работи како целосен сервис за нашите клиенти. Тоа подразбира организирање на летни и зимски  одмори, најразлични патувања во и надвор од нашата земја, како индивидуални така и екскурзии, а тука секако е и снабдување со авио-билети од сите авио-компании и за сите авио-дестинации. Овде би нагласил дека моја желба повеќе години наназад е да организирам интересни екскурзии во нашата земја и развој на домашниот туризам. Нашата држава има многу да им понуди на туризмот со свои природни убавини, со прекрасни места  кои нудат посета на историски места, манастири со богата историја и вековна традиција. Тука е и добрата храна, поволна клима и гостопримливост. За да се направи еден ваков пакет, кој веќе ќе започнеме да го нудиме, ќе треба многу работа за да биде се добро организирано и за да бидат нашите клиенти задоволни.

Со доаѓањето на туристичка сезона пролет/лето 2018 се зголемува интересот за патувања, ексурзии и одмори. Кажете ни за претстојната сезона што е интересно во “С Травел“?

-Сега актуелни се мајските екскурзии како за ученици така и за други заинтересирани. Потоа за првомајските празници има организирани викенди за Банско, Сандански, Грција… со посебен акцент на вилите “Angela“, “North Lux“, “Sandy“… кои се под наш закуп.  Потоа да ги споменеме и летните одмори, кои ако ги закажете порано имате и попусти. Тука нудиме и плаќање на рати преку организации каде имаме склучено договори. Потоа би ги споменал како новина и туристичките кредити, а за сите наши сограѓани кои ќе се одлучат да ги користат нашите услуги нудиме наградни ваучери.Какви се цените оваа сезона?

-Цените се скоро идентични како и минатата сезона со тоа што би напоменал дека во овие две изминати години бележат раст аранжманите во Грција за која има голем интерес заради близината.

Ја  споменавте и организацијата на домашен туризам.

-Од убавините на нашата земја би ја издвоил етно-куќа “Кај мостот во Зович“ кое место прераснува во прекрасен дел за мир, спокој и релаксација каде веќе организираме викенди со сместување и вкусна храна од поднебјето на самото место. Тука има голем интерес од нашите клиенти кои се надеваме ќе шират убави вести за нашата агенција и убавините на нашата вечна Македонија.

Ж.Ристевска