Press "Enter" to skip to content

Јуниорите на КК Јуниор на првата позиција во супер лигата

По освојувањето на првата позиција на “западот“ и влез во Супер лигата јуниорите на кошаркарскиот клуб Јуниор (М-16) не знаат за пораз, а овој пат совладан беше големиот МЗТ Скопје со резултат 90:66.

Трнерот на оваа генерација млади надежни кошаркари на КК Јуниор, Предраг Созовски, за овој успех на неговите кошаркари вели:

-Трета победа по ред за освојување на првата позиција, со што екипата на Јуниор во континуитет има добри резултати во младинските категории. Клубот опстојува од само финансирање и тешко е да се следат екипите со поголем буџет. Меѓутоа дечките се талентирани, напорно работат и резултатите си доаѓаат. Оваа генерација доминантно го помина “западот“, а досега има одлични резултати и во супер лигата,

За условите во кои тренираат и се натпреваруваат овие мали шампиони, Созовски додава:

-Оправдано се надеваме дека дека ќе се избориме овие деца, кои талентот и желбата за работа веќе ја докажаа, да добијат подобри услови. Има некое навестување дека ќе дојди до соработка со екипата на КК Пелистер АД, со што заеднички ќе направиме соработка со која ќе им овозможиме квалитетни услови за работа на сите млади таленти, а со тоа и резултатите ќе бидат уште поголеми.

More from СпортMore posts in Спорт »