Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Милан Мишковиќ на светски конгрес за хепатологија во Париз, Франција

Деновиве во Париз, Франција се одржува најголемиот конгрес во светот за хепатологија, а се одржува во институцијата која е наречена Дом на хепатологијата, на која нашиот сограѓанин, Милан Мишковиќ ја претставува Македонија, како заменик претседател на ЕПЛА и Хепар центарот.

Преку вибер-комукација за неговото учество на овој меѓународен конгрес ни рече:-Присутен сум на најголемиот ЕАСЛ конгрес во светот за хепатологија кој официјално беше отворен синоќа во Париз, во Домот на хапатологијата, а имав и излагање. На него се присутни повеќе од 10.000 учесници од целиот свет, а него го следат 250 новинарски куќи. Тука се присутно голем број на министри и замени министри за здравстсво од голем број на земји. Моето присуство тука, на овој конгрес, како заменик претседател на ЕПЛА и Хепар центарот престставува голема чест да ја претставувам мојата земја, Македонија, а се надевам дека контактите кои ги имам остварено со  министри и заменици за здравство кои се тука ќе ги искористам кај нас во решавање на проблемите со хепатитот.