Попладнево на плоштадот “Магнолија“ во Битола се оддржа студентски протест да се искаже револт кон преговорите кои се водат за името, но и против имплементацијата на законот за употреба на јазицитеа, во организација на инициајтивата “Млади за Македонија“.-Ние младите се креваме на нога и во Битола да кажеме НЕ на нашите политичари од Парламентот и гласно дека во наше име немаат право да го менуваат Уставното име на Република Македонија, немаат право да воведуваат двојазичност на цела територија на Република Македонија, немаат право да ја ревидираат македонската историја и немаат право на никави уставни промени во наше име, рекоа студентите од иницијативата “Млади за Македонија“
Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитетот.
Исто така, студентите се бунтуваат и против незаконското и насилно воведување втор јазик на целата територија на државата, против промена на нашето име и идентитет и велат дека никој нема право да ги прекршува нивните човекови права и достоинство и да ги пронудува да го сменат името на државата.