Press "Enter" to skip to content

Трационален Велигденски концерт на “Танец“ во Битола (фотогалерија)

Во преполната голема сала на Центарот за култура во Битола, беше одржан традиционалниот велигденски концерт на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “ТАНЕЦ“, во чии изведби во околу час и половина уживаа битолчани.

Програма која членовите на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија “ТАНЕЦ“ го содржеше следните сплетови на македонски ора, а дел од нив беа поврзани со големиот христијански празник Велигден.Битолчани ги видоа и се воодушевуваа на изведбите на следните сплетови:

-Невестинско
-Чифте Чамче
-Лазаренки
-Осоговка
-Ај што дојде
-Сум се родил мераклија
-Ќа та крадам
-Копачка
-Шопска Петорка
-Тресеница- Фрагмент
– Пирин – Франгмент
-Велигденско оро
-Да сум бистра вода
-Сношти минав крај рајската градина
-На Мегдан.Покрај сплетовите на ора беа исполнетии вокални изведби од страна на членовите на “Танец“, а како солист се појави Сузана Спасовска.

Играорците и вокалните изведувачи беа следени од оркестартот на “Танец“ под водство Милан Завков, а беа исполенти и негови авторско дела.

С. Ристевски

 

More from КултураMore posts in Култура »