Press "Enter" to skip to content

И официјално младинките на Пелистер Волеј се во “Ф4“

Пелистер Волеј – Планет 3:0 (25:01; 25:20; 25:12)

Во реванш средбата од четврт-финалето, младинските на пелистер Волеј за 64 минути за демолираа екипата на Планет од Скопје со максимални 3:0, по сетови: 25:01, 25:20, 25:12.
-Фантастична атмосфера и публика каква што моевме само да се посакаме. Остваривме лесна победа, по првиот дуел кога во Скопје се намачивме и кога мораше да се враќаме од игра по негативата од два сета и 16:10 за Планет во третиот сет, натпревар кој го добивме со 3:2 после повеќе од 2 часа игра, вели Роберт Митковски, тренер на младинките.

За пласманот во Ф4, Митковски додава:

-Она што е најважно сега е тоа што трета година по ред Пелистер Волеј обезбедува учество во борбата за медали и во завршницата од младинската лига и е повторно е дел од Ф4. Оваа екипа пред две години беше второпласирана во кадетската лига, минатата година несреќно завршивме само 5-ти, а оваа година повторно се враќаме на најубав можен начин. Патот до Ф4 девојките го минаа без ни еден пораз во групната фаза, а без пораз сме и во баражните натпревари. На ваквите резултати, на кои можат сите да ни позавидат можам само да им честитам на девојките.