Гевгелија – Пелистер 16:33
Со победата над екипата на Гевгелија, која во Битола, во спорстката сала “Младост“ беше домаѓин ракометарките на Пелистер обезбедија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија со убедливи 16:33 во четвртфиналето.
Уште по првиот дел беше решен победникот, кога Пелистер направи предност од 11 голови, 6:17, а второто полувреме се играше колку за да се одигра, за конечни 16:33.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Раиф и Апостоловска со по пет голови.
Завршниот турнир ќе се одигра на 19 и 20 мај, а покрај Пелистер ќе играат уште победниците од преостанатите три дуели, кои се на програмата утре и в сабот, а двојки се: Куманово – Вардар Јуниор, Овче Поле – Вардар, Деспина – Металург.