Кошаркарите на Пелистер вчера на гостувањето во Струмица ја имаа првата победа на гостински терен во плеј-аутот, ја победија екипата на Струмица со резултат 63:83.
Највисока разлика кошаркарите на Пелистер направија во третата четвртина која ја добија со резултат 12:24, а со тоа и ја потврдија вредната победа. Роберт беше најефикасен во екипата на Пелистер со 32 поени.
По оваа победа и опстанокот во Првата кошаркарска лига е обезбеден, а претседателот на КК Пелистер, Сашко Наумов, задоволен од тоа како се одвиваше завршницата од сезоната вели:
-Целта која ја имавме кога ја презедовме екипата е остварена, екипата на КК Пелистер го обезбеди опстанокот во најквалитетното кошаркарско друштво во државата и тоа пред пет кола пред крајот на плеј-офот и теоретски. Победата над екипата на Струмица е многу важна за нас не само поради победата и бодовите, туку и заради тоа што победивме на гостински терен екипа која ни беше конкурент за опстанок, а за оваа фаза на натпревари се засили. Можам да кажам дека екипата од коло во коло, посебно во вториот дел од сезоната играше се подобро и подобро и ние сме пријатното изненадување кај сите. Сега кога опстанокот е обезбеден можеме да жалиме за некои бодови кои ни недостасуваа за пласман во плеј-офот, наместо во плеј-аутот.