Press "Enter" to skip to content

Фотовест: Искусниот учител Чарлино ги проверуваше своите ученици под Тумбекафе

На трибината на градскиот стадион под Тумбекафе на натпреварот Пелистер – Победа, на истото место, како на којзнае на колку претходно, го забележавме, но овојпат и го фотографиравме, искусниот тренер Кире Груевски – Чарлино.

Тој заедно со својот ученик редовно ги следи натпреварите со внимание, а како поинаку, кога на теренот како фудбалери, тренери и како членови на Управа се наоѓаа многумина негови ученици, а на трибината и да не зборуваме.

Вчера под Тумбекафе на теренот беа учениците на Чарлино: Недановски, Јокиќ, браќата Степановски, Марјан Котевски, Мане Секуловски, Благојче Наумовски, Коњарски, Димче Ристевски…

Како на теренот, така и на трибините имаше голем број на негови ученици, а најголем дел од нив го поздравија со должна почит, а како поинаку, кога тој заедно со нив којзнае колку пати се радувал на головите и победите, а тагувале по поразите. Од “постарите“ таму беа Тони Мицевски, Ставревски, Пресилски, Цветановски, Стерјовски, Бамбало…

Само да напоменеме дека Кире Груевски – Чарлино во изминатите 40 години ги водел екипите од овој регион:  ЗИК Пелагонија, РЕК Битола, Новаци, Пелистер, Могила.