Press "Enter" to skip to content

Четири основни училишта го одбележуваа на Светскиот ден на планетата Земја 

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола во соработка со ОУ „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и Ѓорги Сугарев“ од Битола се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја со следната програма;

-ОУ „Елпида Караманди“ – Битола Тема „Штедиме вода“и „Еко чувари“, одговорни наставници Јасмина Танчевска и Јулија Јовевска.-ОУ„Стив Наумов“ – Битола Темата на настанот – „Обновливи и необновливи извори на енергија“, „Заштеда на енергија во домот и во училиште“, одговорни наставници; Силвана Ристевска, Валентина Ѓоргиевска, Марина Јанеска и Александра Николоска

-ОУ „Гоце Делчев“ – Битола „Читање на поезија со еко содржини“ Одговорен наставник – Билјана Стојковска

-ОУ „Ѓорги Сугарев“ – Битола Еко драматизација “Да ја заштитиме планетата Земја“, “Крај на загадувањето со пластика “ одговорни наставници Биљана Зацеска Силјановска и Даниела Ристова.Инаку првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целите за одржив развој на Обединетите Нации претставуваат глобален договор на човештвото за иднината и постоењето на човештвото на Планетата Земја. Сите држави на Планетата, организации, институции, поединци имаат одговорност пред сегашните и идните генерации да преземат мерки и да делуваат кон зачувување на рамнотежата, а со тоа и опстанокот на човештвото на Планетата Земја.

Современите библиотеки во 21 век имаат многу поголема општествена улога на генератор на промените и развој на заедниците. Целите за одржлив развој се предизвикот со кој треба да се соочат современите библиотеки и да делуваат.

More from ВестиMore posts in Вести »