Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник денес е домаќин на групата за Купот, Пелистер утре гостува кај Бутел

Поради зафатеност на спортската сала “Младост“ во Битола, со купот во боди-билдинг кој е закажан за утре, четвртфиналната група од ракометниот куп на Македонија ќе се  одигра денес.

Организатор на оваа група е битолската екипа Еурофарм Работник, а покрај неа ќе играат уште екипите на Прилеп, Струга и Радовиш.

Сатницата за одигрување на денешните натпревари е следна:

11 часот,   Еурофарм Работник – Прилеп

13 часот, Струга – Радовиш

Финалето е закажано во 18 часот, е влезот е слободен, а сите натпревари ќе се одиграат во спортската сала “Младост“.

Екипата на Пелистер натпреварите од четвртфиналната група ќе ги игра утре и в недела, во Скопје, а домаќин на таа група е екипата на Бутел.

Покрај Пелистер во групата е домаќинот Бутел се екипите на Вардар-Делчево и Охрид.

Пелистер утре игра против екипата на Вардар Делчево, в недела го очекува подобриот од другата двојка, Охрид и Бутел.