Press "Enter" to skip to content

Словенечкиот амбасадор во посета на Педагошкиот факултет (фото)

Во посета на Педагошкиот факултет во Битола беше словенечкиот амбасадор проф. д-р Милан Јазбец оствари средба со деканката на Педагошкиот факултет, проф. д-р Валентина Гулевска и нејзините соработници, проф. д-р Добри Петревски, проф. д-р Дејан Илиев и проф. д-р Љупчо Ќеверески.По средбата се реализира и предавањето на тема “Младите лидери зборуваат за нивните искуства од политиката и дипломатијата” кое е во организација на  Педагошки факултет – Битола и Амбасадата на Република Словенија во Скопје. 

По одржувањето на поздравните говори на деканката проф. д-р Валентина Груевска и словенечкиот амбасадот проф. д-р Милан Јазбец, предавачите м-р Сара Ајдини (извршен асистент и советник за политика на Амбасадорот на Република Словенија) и Јулија Хумар (апсолвент на Факултетот за политички науки-Словенија и Еразмус + практикант во Амбасадата на Република Словенија) ги одржаа кажаа своите искуства од политиката и дипломатијата.Предавањето се одржа во Амфитеатарот на Педагошкиот факултет, а ова предавање наиде на голем интерес кај студентите од овој факултет и кај наставниот кадар.

More from ВестиMore posts in Вести »