Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Станарите сами го исчистија просторот околу станбената зграда

Жителите на станбената зграда од улицата “Леринска“ број 41 во Нова Битола, со својата иницијатива за уредување на просторот околу нивната околина ни одржаа лекција на сите битолчани.

Тие самоиницијативно се организираа и сите заедно го уредија заедничкиот простор од кој, како ни јавија, собрале и исфлиле ѓубле, цела една тракторска приколица, а поттик за тоа дал претседателот на зруженеито на станари, Владимир Бутурац, кој бил носител на акцијата.

Пример кој мораме сите да го следиме без разлика во каква станбена зграда живееме индивидуална или колективна, бидејќи само така ќе придонесеме да живееме во чиста и здрава околина, каде безгрижно ќе играат и растат нашите деца.

More from ВестиMore posts in Вести »