Press "Enter" to skip to content

Жолтио и Кико по бодови во Романија на Источноевропски шампионат

Битолчаните Борче Костов – Жолтио член на мото-клубот Ноќни волци и Христијан Илиовски од мото-клубот Пелистер, ќе се натпреваруваат на втората трка од Источно европкскиот шампионат во мото-крос, кој се одржува на мото-крос патеката крај градот Темишвар, Романија.

Двајцата возачи вчера го поминаа техничкиот преглед на моторциклите и денес ќе ги имаат и првиот официјален тренинг и квалификациите за утрешните трки.

Борче Костов – Жолтио пред заминувањето за Романија за очекувањата од оваа втора трка ни рече:

-Сум учествувам и претходно на мото-крос трки во Романија и можам слободно да кажам дека таму се едни од најквалитетните возачи,  кои располагаат со големи буџети на кои можат да им позавидат и голем број на клубови од западна Европа. Кога на нив ќе им се додадат бугарските возачи, ќе биде многу тешко да се стигне до бодови на оваа трка. Тие ќе бидат со голем број на возачи кои се штитат меѓу себе на стартот и на трката и ќе пробаат, како многупати досега, да не тргнат од патеката. Но, и јас и Кико сме искусни возачи кои знаеме да ги избегнема замките и провокациите и се надевам дека и од ова трка ќе се вратиме со бодови.

Додека се вози втората трка од Источно европскиот шампионат, македонската мото федерација се уште нема објавено календат за домашните трки и прашање е дали ќе се организираат. 

С.Р.