Пелистер – Металург 13:22 (7:11)
Пионерската ракометна екиипа на Металург од Скопје е победник на завршницата од пионерскиот фајнал-форот кој се одигра во спортската сала на Средното медицинско училиште во Битола, а беше во техничка организација на ЖРК Пелистер.
Во финалето екипата на домаќинот Пелистер е поразена од екипата на Металург со резултат 13:22, полувреме 7:11. Овој натпревар го решија голманите, кај Металург одбраните на голманката, а кај Пелистер примените голови, скоро без одбрана на голманката. Но, и покрај тоа екипата на Пелистер на неколку пати се обиде да направи нешто повеќе, но младите ракометарки не успеаја да се доближат резултатски.Поразот од своите врснички битолчанки емотивно го прифатија, со солзи, но сепак им честитаа на своите конкурентки во финалето, а секако дека и второто место е за почит.
По финалето беа доделени и пехарот и медалите на победничката екипата на Металург, а им ги додели градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, која го следеше овој натпревар. На второпласираната екипа, Пелистер, медалите и пехарот им ги додели директорот на РЕК “Битола“, Васко Ковачевски, а на третопласираната екипа на Делчево им ги додели претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.Беа прогласени најдобар голман, играч и стрелец на Финал 4, а пехарите им ги доделија пратеникот Горан Милевски и судискиот пар Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Како претставик на ракометната федерација на Македонија и делегат на ова Финал 4 беше Камил Металари, а финалето го судеа судискиот пар, Методија и Михајло Илиевски.
Текст и фото: С. Ристевски