Битолчанецот Борче Стојановски, член на боди-билдинг клубот Сити џим, е апсолтен првак на Македонија во боди-билдинг во Купот на Македонија кој синоќа се одржа во спортската сала “Младост“ во Битола, на кој присуствуваа над 2.000 битолчани. Стојановски во борбата за апсолутен првак влезе по победата во категоријата над 90 килограми.
Најголемо изненадување за битолската публика и познавачите на боди-билдингот во Битола беше младиот Горан Тромбев, од боди билдинг клубот Алфа-фит, кој беше победник во јуниорска конкуренција до 23 годиниа беше и второ пласиран во категоријата до 80 килограми. Негов тренер е неговиот татко познатиот билдер и тренер во овој спорт, Борко Тромбев.Зоран Лазаревски Паљо кој заедно со својот фитнес клуб Паљо беше организатор на овој Куп наторевар се појави во две категории и тоа во ветерани над 50 години и во категорија до 90 килограми.
Покрај овие битолски билдери се појавија и битолчани од клубовите Сити џим, Паљо, Универзал, Алфа бит, а гобедници по категории беа:
Јуниори тинс, победник Денис Убашевски од фитнес клубот Паљо – Битола.
Јуниори до 23 години, победник Горан Тромбев од Алфа фит – Битола.
Ветерани до 40 години, Владе Стојановски од Ситу џим – Битола
Ветерани над 50 години, Зоран Лазаревски -Паљо – фитнес клубот Паљо
Сениори до 70 килограми, Мартин Манасиевски од Магнус – Скопје
Сениори до 80 килограми, Гоце Мојсовски од Фит форм – Охрид
Сениори до 90 килограми, Владе Стојановски, Сити џим – Битола
Сениори над 90 килограми, Борче Стојановски од Сити џим – Битола.
По победата во овој Куп натпревар Борче Стојановски ни рече:
-Како и на секој натпревар од ваков тип поминав тешки и искрпувачки долги подготовки но на крај се што се помина по една ваква титула се заборава. Среќен сум и се надевам дека формата ќе се ја задржам за учество на некои меѓународни натпревари. Сакам да им честитам на сите победници по категории, а посебно на победниците од Битола и од мојот клуб.
Боди билдинг федерацијата додели и две златни медали за посебни успеси во овој спорт, а нив ги добија битолчаните Оливер Аџиевски и Зоран Колевски.
Благодарници за посебен развој на овој спорт во Битола добија и поранешните атлети на Македонија од Битила, Жарко Срдиќ и Нове Хаџистојанов, како и еден од првите билдери од Битола, Борко Тромбев.
Текст и фото: Сашо Ристевски